“Правда за сите без исклучоци” ветува ВМРО-ДПМНЕ, на чело се кандидатот за мандатар, Христијан Мицкоски.

Во исто време, Мицкоски утрово не се појави да даде исказ во полициска станица за случајот “Кафана” во Дебар Маало, иако бил уредно поканет.

Може ќе било посоодветно ВМРО-ДПМНЕ на билбордите да напишат “Сите ќе одговараат во државава за своите постапки, освен јас, Христијан Мицкоски!”

До кога Мицкоски ќе биде исклучок од сите правила во државава?!