После оваа невкусна еуфорија што го држи Максим и ликувањето дека ја поткопал СДСМ, сосема е сигурно дека Максим не е човекот кој утре среде ноќ ќе им крене телeфон на граѓаните на Крива Паланка или ќе истрча да помогне. Човекот кој е создаден од и пораснат во СДСМ, сега работи против своите довчерашни другари и соборциАко овој човек може своите пријатели преку ноќ да ги гледа како непријатели, што станува тогаш со обичните граѓани?!

 

СДСМ му даде можност да биде советник, претседател на совет, пратеник, градоначалник…сите функции во Куманово ги има добиено благодарение на СДСМ, за да на крај, го смени дресот и преку гласовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори остане на функцијата градоначалник. Дали за Максим, фотељата е побитна од образот?

На овие избори Максим и ВМРО-ДПМНЕ си имаат зацртано една заедничка цел, да ја “растурат” СДСМ. И така СДСМ покрај со ВМРО-ДПМНЕ, дојде ред да се бори и со своите сопартијци и гласачи. Затоа што гласачите на Максим не се ништо друго, освен помалку задоволни или разочарани гласачи на СДСМ. Затоа треба да се замислиме за улогата на Максим која се повеќе заличува на одмаздничка за СДСМ а во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Максим си верува дека успеал да ја “растури” СДСМ, македонскиот народ влезе во еден густ облак во кој веќе ништо не му е јасно, а особено како маргинален лик како Максим кој до вчера стоеше и жестоко ги бранеше политиките на СДСМ, сега сака да наметне кумановско “ропство” во цела држава.

А понудата всушност никогаш не била појасна.

Или одиме кон ЕУ или се враќаме назад во режим.

Сите гласачи на ЗНАМ се деца изродени од СДСМ и сите потсвесно знаат дека гласот за ЗНАМ е дијаметрално спрoтивен од гласот за СДСМ. Гласот за ЗНАМ е глас во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту еден чист социјалдемократ од Крива Паланка никогаш нема да дозволи ваква манипулација и злоупотреба на сопствениот глас. Ниту еден чист паланечки социјалдемократ нема да го фрли својот глас. Ниту еден чист социјалдемократ нема да му даде глас на Максим, за потоа овој да го “продаде” на ВМРО-ДПМНЕ.

А тие што гласаа за ЗНАМ во првиот круг од претседателските избори, сигурно веќе сфатиле во каква шема се влезени.

Не дозволувајте и во вториот круг да бидете жртва на злоупотреба и желба за наметнување кумановско “ропство” во Крива Паланка.

На Крива Паланка не и треба кумановско “ропство”!