Драган Вучиќ, кој не го познавал не знае каков исклучителен човек беше. Ја имав таа среќа да го познавам преку мојата телевизиска работа колегата Драган. Колку и да беа поделени тие кои ја сакаа и не ја сакаа неговата ТВ ангажираност, едно беше постојано присутно – секогаш знаеше да измисли нов проект, многу ја сакаше телевизијата, беше подготвен буквално со секоја од нашите ТВ станици да соработува за да го оствари науменото. Рејтинзите му беа секогаш високи, па пукаа од завист дел од неговите колеги водители и музичари, кои луѓето не ги ни памтат како имиња. Безимени ама арогантни. Тој насмеан, со широко срце, фер плеј играч, тимски работник, го ценеше трудот на секој од тимот.
Алтер егото на балканскиот човек, талентираниот и харизматичен Драган Вучиќ замина на некое место каде што постојано се пее, свири, каде што сите се весели и широко насмеани. Почивај во мир колега од телевизиите.
ФБ статус на Ана Глигорова