Груевски на претпоследните парламентарни избори на кривопаланчани им ја сервираше најголемата лага која ја има било кој политичар обмислено.

Тогашниот премиер, на митинг во Крива Паланка вети дека во зоната во Ранковце ќе се отворела фабрика во која ќе се вработеле 5.600 луѓе од Крива Паланка, Ранковце, па ќе немало од тука невработени, затоа ќе доаѓале од Кратово и Пробиштип.

Граѓаните тогаш му поверуваа на таа лага, му ја дадоа подршката и тогашната кандидатка за пратеничка од овој град Слаѓана Митовска стана пратеник.

Груевски доби мандат, Слаѓана влезе во Собрание, а фабриката никогаш не се отвори.

Фабриката не се отвори, но Слаѓана си ја вработи целата потесна и поширока фамилија.

Нејзиниот сопруг се вработи во Агенцијата за храна и ветеринарство. Братот на нејзиниот сопруг беше директор на подрачната на Македонски шуми а неговата сопруга се вработи во Основниот суд. Братот на Митовска беше унапреден во Граничната полиција а неговата сопруга т.е снаа на пратеничката беше именувана за в.д директор на гимназијата. Цела фамилија на високи позиции во државната администрација.

Истата таа Митовска заедно со екс градоначалникот Алексовски одат по маалата и ветуваат се и сешто на граѓаните, мислејки дека овој народ има кратко паметење и ги има заборавено нивните лаги од изминатиот период.

Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ нема да можат на овие избори во Крива Паланка да се надеваат на гласови од граѓаните затоа што не се ни извинија за сите лаги од предходно.

Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, сведоци сме дека во овој регион се гради како никогаш досега.