Што се крие зад често повторуваната флоскула на дпмне и на Александар Николоски – враќање на македонското национално достоинство? Јас сум горда Македонка, зборувам македонски јазик, граѓанин/ка и делче од мултиетникумот на РСМ. Била и ќе бидам. Никој досега ми го нема ускратено правото на тоа. Нема што да ми враќа дпмне оти немам ништо изгубено. Напротив – имам многу повеќе пријатели Турци, Албанци, Срби…., а пријателите се најголемото богатство и се создаваат со обострана почит. Покажувањето супериорност и оживувањето на националистички фрустрации, се најмалку потребни во 21 век, а кога национализмот е ,,жива сода” за убивање на мултиетничкото општество. Тогаш, не е јасно – што намера имат дпмне со правото на слободна национална определба на другите граѓани во државата… Планират да им го ускратат? Планират да ги затворат границите со соседите? Ако мислат дека тогаш би станале поголеми Македонци, навистина ги жалам сите оние кои слепо им веруваат. Не сакам да мислам што после ако таа им е намерата.

Впрочем, опасноста од ковидот, ги врати сите ,,патриоти” од дпмне во родната грутка, си дојдоа дома…. Некои од нив ги дигнаа на нога лекари Албанци, лекари Срби…. од македонските клиники. Тогаш, се прашувам дали се сетија дека им фали македонското национално достоинство? Дали заборавија на наводно изгубеното македонско достоинство, кога држеа бугарски пасош во раката? Јас имам само еден пасош – македонски. Како вие ќе го враќате македонското национално достоинство – со бугарски пасош?

Не палете оган во шумата, оти таму не вирее само една билка. И не помислувајте на назад. Оваа е нашата библија, тора, куран 👇

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро на Република Северна Македонија во согласност со традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна и суверена држава.

ФБ статус на Мирјана Јанева