Денеска здружението „Хендикеп Плус“ го искажаа својот револт од предизборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ во кој се говори под мотото „Исправи се Македонијо“.
„Со индигнација констатираме дека една од плаузибилните интерпретации на содржината на спотот директно се однесува на можноста лицата кои имаат посебни потреби да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите други . Асоцијациите на свиткани луѓе како понижени, помалку вредни и недостојни, на што може да асоцираат некои пораки и сцени во спотот, уште еднаш покажува колку е ниска свеста за негативните последици кои може да ги почувствуваат луѓето од овие групи кога се поставувуват во вакви позиции и добиваат таков третман. Многу неодговорно е таква политичка партија да нема сензибилност за специфичните психолошки реакции на луѓето кои имаат проблем со кичмата по нивното поставување во несоодветен симболички контекст.“ – порачаа од здужението.
И јавоста со негативни реакции за недостатокот на желба и идеја својата политичка понуда ВМРО-ДПМНЕ да ја презентира на поинаков начин пред избирачите.
„Магично исправување на кичма, се што треба е да го допрете екранот за време на спотот на Мицковски. Периодот е ограничен до 12 јули. Спавате ли мирно, Туран, Иван исцелител, Трајче од Милутинце и Тоше од Ќустендил?“ – гласи еден сатиричен ФБ статус.
„Нашата политичка кампања е космодиск кампања, изгледа шашаво ама функционира.“ – пишува Замир Мемети друг.
„Вмро од ден на ден се подлабоку тоне во калта! Денеска со понижување на лицата со посебни потреби во својот спот! Јавно да им се извините на сите за ова понижување! Срам да ви е!“ – констатира на ФБ Круме Смилков.