Вмројни никако да сфатат дека ние тргнавме напред, а ,,кутлешите”, кои ги нема во ,,Преспански договор”, може да си ги веат дома – под туш. Тоа во нивните главчиња ќе си го сфатат по избори. Нивните мозочиња уште се во средновековна сценографија, се замислуваат комити нешо таму, додека нивни функционери и тоа како ги чекаат пресуди за куп криминали. Па, вака некако се ,,шлепаат”, ги користат тие луѓе, за да се доберат до евентуална слободичка.
И, не…уште на овие не им е јасно дека се заблудени.

Меѓународна заедница не сака и не ја интересираат вакви национал – романтичарски кореографии, солзички, па ред песнички по две ракии – ,,ЦелаДаЈе”….они не контаат вакви луѓе, заглавени во сопствената иронија. Они ви го симнаа и оној ваш лузер, Груевски, кој го седнаа и како попче го потпиша ,,Пржински” за да си го спаси газенцето од сите криминали.
Но, вам памет не ви доаѓа. Ова ви беше последна шанса за реформи и ја испуштивте.

Ова нивново со ,,кутлешите” е толку патетично во 2020, сосе она нивноно со три прста после скара, мрсно и алкохол, пошто немаат храброст на трезно, се` ова за собирање гласче повеќе на избори, да се прашувам – каде живеат овие луѓе, во кој мазохистички филм се, сосе нивнион Мице⁉️
Во мојот свет, веќе 40 години, ја не сум видела некој да вее ,,кутлеши” во моја близина. Ја сериозно не ги сфаќам и не знам каде живеат овие луѓе.

Дечки, на Љубчо не му пројде прикаскава во 90-те, мораше да ја ,,едитира” во 1998 со нови книшки без кутлешите ви, и со ,,не, не…се исчистивме ние од бугараши”, да вашево ич – не проаѓа во 2020.
Не знам како човек да ви објасни дека сте 300.000 со ,,три од карти”. И толку. И ќе си го ,,пушите” – четврт изборен циклус.

Јоци