Кои драматургии, глуматарење и паѓање у несвест, бреее…
Какви отруени и ограничени умови..
Вака чинам беше и деведесетите, кога нашите сограѓани албанци бараа Катедра на албански при УКИМ ?!
И тогаш се глуматареше, штрајкови со глад, шатори, паѓање у несвест, не даваме ова, не даваме она… некој сакаше да го глуми Господ и да одредува што ќе дава, а што не… И ?! Ја доведовте земјата до амбис. И подоцна на истите тие КЛЕТИ ШИПТАРИ да им дадете, не само катедра на Албански јазик за едукација на учители по истиот, ами цел универзитет и тоа на државен трошок.
2001 година за Ваши лични интереси и војна направивте за да потоа со тие што ги нарекувавте Орли и немирни иредентисти, на кои крилјата ќе им ги сечете, а во која војна стотина млади луѓе ги загубија своите животи, седнете во влада и 10 години да им ја исцицате крвта на сите слободоумни граѓани во Република Македонија.
2008 година од сите дотогаш понудени предлози за името вие и таквите како вас не го прифативте понудениот предлог Република Македонија ( Скопје ), за подоцна со истите тие клети Грци да се шетате по Халкидики и да се пазарите за понепристоен предлог за име на Државата.
За да измислите душмани ви нема рамен на планетава. До пред 5 години со цел свет бевме скарани. И тогаш сите ни беа криви само ние не.
Штом имаме можност да седнеме да раговараме за иднината на земјата, еве пак прилика за покажување простотилок.
Каква е оваа параноја која се шири помеѓу граѓаните…? Пропаганда и труење на мозоците на младите луѓе кои секојдевно неповратно заминуваат од државата.
Ај доста ја браните и се такмичите во простотилок и пренемагање..!
Цивилизираниот свет седнува, разговара и наоѓа решение…

ФБ статус н тони Свакароски