“Корона чао”, песна која за рекордно брзо време влезе во сечие уво, што заради актуелноста на ситуацијата што нè снајде, што заради маестралноста на дуото Александар Митевски-Дац.

И додека деновиве сите си ја потпевнуваме по дома, 15 толкувачи на знаковен јазик направија подвиг за поздрав, ја пренесоа песната на знаковен јазик, а со тоа им дадоа можност на глувите и наглувите лица да ја почувствуваат магијата и да уживаат!

Погледнете како изгледа ова вистинско ремек-дело!