Јавниот долг во државата за три години порасна од 48,8% на 48,9% од БДП… Значи за 0,1%… Тоа од ДПМНЕ не само што го критикуваат од собраниска говорница, по дебати, на пресови, во колумни итн., туку тоа го прават и со ‘drum roll’… Чујте и почујте… За да слушнат сите…

Јас без ‘drum roll’ ќе напишам…
Во време на ВМРО-ДПМНЕ (2006-2016), јавниот долг во државата порасна од 33,2% на 48,8% од БДП… Тоа е раст на долгот од 15,6%…

За сликата да биде уште појасна, да го наведам уште и растот на БДП во тие ‘три години под СДСМ’…
2017 = 1,1%
2018 = 2,7%
2019 = 3,6%

Во времето на ДПМНЕ растот беше само кога стигнуваа пари од продажбата на ЕВН и од дивидендите на Телеком!

ФБ статус на Ацо Лукароски