За лицемерието на ДПМНЕ, the sky is limit

Кога при крајот на месец март беше даден предлог за политичките партии да се откажат од парите што им следуваат од буџетот и тие пари да се прнаменат во фондот за борба против коронавирусот, сите порелевантни партии во државата одговорија позитивно освен ДПМНЕ… Три месеци подоцна, Владата со уредба донесе одлука за пренамена на 4 милиони евра, а ДПМНЕ излегува со соопштение дека одлуката била задоцнета…
25 март, 2020 … СДСМ го прифаќа предлогот за откажување од парите наменети за партиите
27 март, 2020 … ВМРО-ДПМНЕ не сака да се откаже од парите од Буџетот за финансирање на политички партии
4 април, 2020 … ВМРО-ДПМНЕ уште не се откажува од буџетските пари
19 јуни, 2020 … Со Уредба на Владата скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии
20 јуни, 2020 … ВМРО-ДПМНЕ: Владината одлука за кратење на средствата за партиите е соодветна, но задоцнета. Требаше да биде донесена уште во март.
ФБ статус на Ацо Лукароски