Една од најголемите предизборни лаги на ДПМНЕ, е ветувањето за зголемување на пензиите на сите пензионери за 5.000 денари. Еве и зошто:
Во Македонија има околу 330.000 пензионери, што значи дека за исплата на ветените 5.000 денари, месечно треба да се обезбедат дополнителни 1.650.000.000 (една милијарда шестотини и педесет милиони) денари, или 27 милиони евра.
Тоа значи дека на годишно ниво од државниот буџет треба да се издвојат нови 19.800.000.000 (деветнаесет милијарди и осумстотини милиони) денари, или 324 милиони евра.
Не треба човек да биди експерт за финансии за да му стани јасно оти не постои таков буџет од каде можат да се најдат толку многу пари.
Пари нема, има само ГОЛЕМА и бесрамна ЛАГА на ДПМНЕ.
Мицко, Минхаузен вода да ти носи!
ФБ став на Зоран Милошески