zoran milosevski

Можам да се сложам дека до одреден степен д-р Караџовски е „пресилен“ со искажаните квалификации за односот на медиумите кон здравствената криза. Меѓутоа, од друга страна, д-р Караџовски е суперкоректен ако се спореди со арогантниот, некоректен и критизерски однос на самонабедените „генијалци“, кои гледаноста на прес конференциите на Филипче ја користат за самопромоција.
Сакајќи да покажат колку се „паметни“, манифестирајќи невиден егоизам, повеќе од 100 дена ги верглаат едни те исти прашања, настојувајќи да го омаловажат трудот и да ја девалвираат стручноста на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести.
Кога новинарот се обидува да покаже поголема стручност и знаење од соговорникот, кога инструирани медиумски анонимуси ќе изигруваат поголеми епидемиолози од стручната Комисија предводена од д-р Караџовски, тоа е само уште доказ дека новинарството го допрело дното. Се разбира, со чест на ретките исклочоци.

ФБ статус на Зоран Милошески