Словенечката државна телевизија објави документи, преписки и снимени телефонски разговори во кои се слуша гласот на министерот за економија Здравко Почивалшек, како договара која фирма и како треба да го добие тендерот за набавка на заштитна и медицинска опрема. Со непосредна спогодба и интервенција на функционери од Владата на Јанша, договорено било 220 респиратори да се набават од фирмата „Генепланет“, за што државата платила 8 милиони евра, што е за 3,5 пати поскапо од редовната пазарна цена. И покрај тоа што опремата била 100% платена, државата не добила ни половина од нарачката.
Од истата фирма биле набавени и заштитни маски за словенечките доктори, а во договарањето на зделката директно бил замешан и директорот на полицијата. Медиумите во Словенија информираат дека во сопственичката структура на фирмата „Генепланет“ имало роднини на блиските соработници на Јанша.
Душе се саме спајају: Грујо=Мицко=Орбан=Јанша
ФБ статус на Зоран Милошески