За мене, главен критериум за успешноста на институциите во справувањето со корана-вирусот е бројот на починати, бидејќи во суштина, основна функција на медицината е да го заштити и спаси човечкиот живот.
Кај тој податок правам споредба со Словенија, зашто ни е најблиску според бројот на жители. Кај нас има досега 38 починати (со денешните четири), а во Словенија 55.
Се разбира, ваквите компарации се подложни на многу релативности, бидејќи таа земја има значајно подобра материјална основа за квалитетно здравство, а од друга страна, поблиску е, односно сосед на Италија, каде се случи експлозија на заразата, па сигурно тоа беше и можност (опасност) за поголемо ширење.
Невозможно е да се повлекуваат апсолутни паралели, но некои критериуми секако постојат. А еден од најегзактните, според мене, е бројот на починати во однос на бројот на жители. Затоа, верувам во мерките што се применуваат кај нас и ги поддржувам. Засега, додека компаративните бројки се вакви.
ФБ статус на Миодраг Мишолиќ