Поморбиден начин за собирање политички поени во ВМРО-ДПМНЕ не можеле да смислат?!
Во политиката сме виделе сè, но ваква злоупотреба и поигрување со судбини на семејства кои ги изгубиле најмилите ги поминува сите граници на пристојност.
Државава веќе половина година се бори со светска пандемија која ја снајде во услови на техничка влада и не прави ништо поинаку од она што го прави целиот свет, па и многу поразвиени здравствени системи од нашиот.
Починатите се нечии деца, родители, сестри, браќа, баби и дедовци, а не бројка со која ВМРО-ДПМНЕ може да си поигрува исклучиво заради сопствени политички интереси.