НАТО, после Титова Југославија е прва шанса  за Македонија каде што завршуваат приказните за граници, за бугари, за грци и за не знам што, вели граѓанин во вчерашната емсија Очи во Очи со Огнен Јанески на ТВ24.

Македонија денеска треба да биде среќна, вели граѓанинот алудирајки на ратификацијата на протоколот за НАТО кој вчера го донесе македонското Собрание.

Во овој контекст Македонија како членка на НАТО алијансата добива дефинитивно дефинирање на границите и според резолуцијата на НАТО, секој евентуален напад на земја членка на НАТО, обидувајки се насилно да преземат територија, е исто како да се нападнати сите нејзини членки.