#ОдГлаватаСиПатиме
Веруваат во -записи од оџи, дека земјата е рамна, на богојавение пиеме вода од Вардар, во премиерскиот кабинет на Грујо имаше вработено гатачки како советници. Библиски народ сме, а и браќа по крв сме со хунзите. Лечиме настинка со чорапи натопени во оцет. Пет минути пред и по полноќ не излегуваме од дома. Веруваме во: Духови, вампири, рај, пекол, 365 светци, еден куп на богови, во мапи до турско скриено злато, во четирилисни детелинки, бубамари, урокливи очи, момински клетви… и тн., и тн., и тн. …
Ама маска не носиме, оти КОРОНА е лага и не постои!
п.с.
Ќе заборавев – И секогаш, за што и да е, некој друг ни е крив!

ФБ статус на Југослав Петровски