Село гори, а баба се чешла.
Е тоа ни се случи вчера.

Најголемиот предизвик на нашите власти во минатото, па и сега им е да казнат верска институција.
А најголемиот предизвик за народот е да направи јасна дистанца меѓу нивната вера и функционирањето на верски инстуции во државата.

[За дел од верниците] Сликовито, настанот вчера беше исто ко денес да се собере некоја фабрика и со сите 400+ вработени да си направат едно групно разгледување на градот. Ќе реагиравте ли како што денес реагирате со ‘за здравје е’ , ‘ама литија е’ ?

Правото на вера е недопирливо, но не и функционирањето на верските институции и кршење закони во име на одредена религија.

Верата сменила многу форми и опстанала и во најголемите војни, преживала и чуми и колери и сите пандемии до сега.
И опстанала и кај луѓе што немале физички пристап до храм, литии, миси и слично.
Еднаш напишав, доколку сте верници, џабе ви се сите храмови на светот да ги посетите ако духовноста не ја носите во себе.

Не убивај е една од 10те божји заповеди. Ова е убиство со умисла.
Доколку некој почине поради вчерашната собиранка, ќе го носи на душа секој оној што вчера бил таму.

Очекувам оставки, одговорност од надлежните институции и казни за организаторите и учесниците. Ако не, вратете им ги парите и на оние што играа оро и на оние што се шетаат бидејќи ќе биде погазување на сите мерки до сега.

ФБ статус на Теано Кардула