На порталот Revolucioner.press линк ОВДЕ е објавен текст со наслов: „Се перат ли кокаински пари во фирмите кои гравитираат околу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски“?

Се перат ли КОКАИНСКИ ПАРИ во фирмите кои гравитираат околу потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски?

Откриваме како една од најпознатите дилерски фамилии во Македонија, Асани од Арачиново влегува во партнерски бизнис со Ивица Георгиевски- Фреди!

Како е можно лице со сомнително стекнат капитал, без потекло на средства да стане 50% косопственик во скопските дискотеки “Avenue” и “Central Park”?

Чисто ли е земјиштето на кое што никна ексклузивниот градежен објект БИСИ Карпош и дали во тој случај е ИЗМАМЕНА фирмата Галап?

Дали првиот братучед на Александар Николоски, Сашо Стефановски е поставен за директор на компанијата “NYSK Holdings” за производство на масло од Канабис?

Постојат ли сомнителни позајмици помеѓу сите овие фирми?

Која е поврзаноста на Ратко Капушевски човекот кој го измами и украде Самсоненко за што се води и кривична постапка со Александар Николоски и Ивица Георгиевски-Фреди?

Колкав процент од градежниот објект БИСИ Карпош поседува Ратко Капушевски и дали е точно дека парите УКРАДЕНИ од САМСОНЕНКО а наменети за изградба на Официрскиот Дом, Капушевски ги инвестирал во објектот на БИСИ Карпош?

Менаџира ли со сите овие процеси Александар Николоски и дали формира свој ФИНАНСИСКИ ОКТОПОД со чии пари планира да го завземе ЛИДЕРСКОТО МЕСТО НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ?

Целиот текст е преземен од извесен фејсбук профил под името Мартин Македонски. Целиот текст можете да го прочитате на порталот Revolucioner.press. на линкот ТУКА.

Редакцијата на “Граѓански збор” се оградува од ставовите на авторот и стои на располагање на одговор од страна на засегнатите личности.