Носителката од ИЕ1 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска на својот ФБ профил го прозва својот противкандидат Никола Димитров. Имено, таа, ниту повикана, уште помалку компетентна, си земала за право да ја коментира објавата на Димитров каде тој споделил фотографија од риболов во Поречието.

Иако, Димитров во својата објава најразбирливо го споделува својот став за активноста, Силјановска коментира за некаква си легитимација за риболов, иако Димитров, како што пишува, уловената риба ја пуштил назад во водите на реката, досетливо порачувајќи дека си замислил желба.

Јавноста коментира дека најочајно е што Силјановска, во недостиг на аргументирани тврдења, го напаѓа Димитров со констатацијата која му ја упатува, кога вели дека риби не се ловат во фармерки и бела кошула.

„Па, како, на која основа ова го постира госпоѓата која претендира да го застапува народот, зошто „се фаќа“ за облеката на опонентот, како сака така ќе лови риби. Таа не е моден гуру, зошто се дрнува вака!“ – пишува еден граѓанин.