Пошо пропали политичарот Цветан Трипуновски нема образ да излезе пред јавноста и да каже зошто после сите лаги кажани додека беше дополнителен заменик министер во МЗШВ, дека не е за фотеља и лични бенефити и советниците ќе му работеа про боно, а добро знаеме дека сите беа скапо платени, цветко ете си побара и апанажа, па мораше од партиското дувло со соопштение да го бранат, зошто никој нема храброст јавно да се соочи со земјоделците.

И пазете морал да бара апанажа зошто СДСМ го оставиле без работа!

цветко, СДСМ не те остави без работа, само не дозволи повеќе неработници и прекршители на закон да бидат толерирани поради партиска припадност, како порано. Најголемите гробари на земјоделците сега да глумат нивни заштитници нема да дозволиме. Како случајот со Повардарие, кога цветко беше директор на ДИЗ и им дозволи на Повардарие предизборно да го откупат сето грозје, а притиоа од претходната реколта на земјоделците не им исплатија ниту денар. И потоа СДСМ со доаѓањето на власт да го реши тој проблем и да ги исплати оштетените лозари! Да ја спомнам и злоупотребата на стотина илјади евра службени пари за кои ќе одговара цветко и кривична веќе е покрената!

Во оваа држава мора да се почитуваат закони, а тоа најтешко им паѓа на оние кои беа учени да ги користат партиските и функционерски привилегии за лични интереси. Одговорност ќе има цветко, за сите, без разлика на функцијата која ја имат!
ФБ статус на Круме Смилков