Веќе слободно може да се каже дека постојаниот подем на заразени во последно време е последица на саботирањето на мерките од страна на ДПМНЕ преку Чулев. И не може тоа да не е организирано делување. Има премногу индиции дека МВР повторно станува вмро-мвро кое намерно не ги спроведува мерките издадени со уредба на влада, сака да предизвика поголема епидемиска криза која ќе оневозможи нормализација и спроведување избори. Нема нити едно друго рационално објаснување зошто масовно се толерира кршење мерки. Веќе пет месеци една клучна институција е под контрола на ВМРО и ефектите на заробување на институцијата веднаш стануваат видливи. Под негово водство таа институција потрошила повеќе пари за склучување непосредни договори од збир други институции, вклучително многукратно повисоки суми и од Министерството за здравство кое е централна институција за справувањето со кризата.

Ако луѓето знаат дека мерките се релативни, тоест не постои механизам на контрола и санкции (или постои екстремно селективно) тогаш секако ќе се очекува дека добар дел од нив нема да ги почитуваат. Посебно кога преку медиумите под контрола на ВМРО се бомбардирани со низа контрадикторни дезинформации—од тоа дека вирусот е обичен грип до тоа дека се кријат податоци за вистинскиот број заразени итн.

И преку епидемијата на површина излезе длабоката поларизираност на населението, а старото добро авторитарно и криминално ВМРО преку епидемијата сака повторно да ја зграби власта. Јасно е зошто ја сменија стратегијата откако увидоа дека ситуацијата се става под контрола. Со тоа се соголи комплетната нивна неспособност да се постават државнички во криза каква што немало во светот со децении. Ако не можат да се пофалат со своја улога во справувањето со кризата тогаш ќе сторат сѐ да го оневозможат другиот да се справува, да се оневозможи нормализација и при евентуален хаос и економски крах да ја видат својата шанса.

ФБ статус на Огнен Вангелов