Лошите проценки и чудниот избор на кадри и соработници стануваат препознатлива карактеристика на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, а тоа се чини се рефлектира и во рамките на партијата, но и се гледа преку изборните резултати.
Една таква изјава на Мицкоски не треба да се заборави, а тоа е дека Владимир Панчевски е врвот, односно најдобар кадар во судиската фела.
Доказите денеска покажуваат нешто сосема друго.
Најдобар…ама во рачно подесување на АКМИС-от и усно доделување на предмети кај судии.
А, тоа е изгледа беше доволно добар критериум за Мицкоски да го предложи Панчевски за една од највисоките позиции во обвинителството?!