Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави снимка со оро за кое се тврди дека е направено вчера во скопската населба Чаир. Она што е видливо е дека се работи за група поголема од 10 луѓе кои играат оро на улица, а дали видеото е направено пред или по започнувањето на полицискиот час сè уште е нејасно.

Она што е јасно е дека политиката за неказнување на граѓаните на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се чини навистина дава резултати?! Да имаше еден критериум за сите, веројатно после првото оро во Гевгелија кое 30 гевгеличани-играорци ги чинеше 30 000 евра, денес на никој немаше да му падне на памет да излезе повторно на улица и да игра оро. Ама премногу слики од неспречени свадби, литии, верски обреди, преполни дворови на верски објекти, ифтарски вечери циркулираат на социјалните мрежи, па така изгледа граѓаните не стекнаа впечаток каде е границата на престапот и што е казниво, а што не. Залудни се сите кампањи на здравствените власти и сите мерки на светот ако нема кој да ги спроведува на терен. Изгледа вчера мерките за полициски час ги почитувале само припадниците на МВР бидејќи само нивното отсуство е видливо на улиците, додека сите други беа надвор?!

Во продолжение дел од реакциите на социјалната мрежа твитер по повод новото оро: