Главниот уредник на Канал 5 телевизија, Гоце Михајлоски, во вчерашното издание на “Само вистина” на јавноста и ја раскажа потресната приказна низ која поминале тој и неговото семејство во борбата со коронавирусот. Михајлоски истакна дека коронавирусот воопшто не е наивен и треба да се сфати како многу сериозна закана бидејќи како што вели тој, кога ќе влезе во еден дом вирусот парализира сè и остава пустош. Гоце кој беше позитивен на коронавирус успешно се опорави, но за жал во оваа тешка битка го изгуби својот татко.