Дали Александар Николоски смета дека нему му е дозволено кампањата да ја темели на лаги и измислици само затоа што дури сега открива дека некои делови од држвата постојат на картата?!

Па, така Николоски, кој патем е од Охрид, на предизборниот митинг во Криволак, во недостаток на издржани ветувања и проекти, на граѓаните им соопшти дека гигантот “Дрекселмаер” планира да ја затвори компанијата во Македонија.

Информацијата беше експресно демантирана од страна на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој извести дека и тој и раководството на “Дрекселмаер” биле затечени од ваквата информација и дека напротив, фабриката ќе продолжи да работи со полн капацитет, а се планираат и нови вработувања.

Фактот дека Александар Николоски прибегнал кон тоа да манипулира со доста сериозни информации, без притоа да чувствува никаква одговорност кон граѓаните, само говори за неговата свесност дека бродот е веќе потонат.