Топ 3 СЈАЈНИ достигнувања на техничкиот министер за внатрешни работи НАЌЕ ЧУЛЕВ за само 24 часа:
- Димна бомба на трибина кај дипломатски кор
- Закани за примена на сила до новинар
- Масовна литија во Струга
За само 24 часа?! Ефективност во неодговорно однесување 100%!
А, да напоменеме дека полициски хеликоптер под неразјаснети околности падна при полетување истава ова недела.
Ќе чекаме ли уште на оставката на министерот за внатрешни работи, бидејќи МВР очигледно е брод без кормилар?!
Лош менаџмент, лоша организација, никакво чувство за одговорност и многу пропусти.
За тоа секаде во светот се одговара. Нека прочита министерот дневни вести, ќе види дека хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ експресно си дал оставка по падот на воениот авион во кој загинаа двајца припадници на хрватското воено воздухопловство. Сочувствува со болката, има морална одговорност.
За жал, кај нас последиците од ова неодговорно однесување ќе ги сносат граѓаните од целата држава најмногу за 14 дена. Кој ќе понесе одговорност кога Струга најмногу за две недели ќе ни се удри од глава на сите?! Останатите ресори на чело со министерството за здравство вложија 3 месеци континуирани напори, енергија и време за да се застане на патот на пандемијата со коронавирусот, некој свесно дозволува бројот на заболени да се мултиплицира?
На крајот, сето ова навистина ќе излезе една ЛОША ПАРАДА?!
Па сјајно!