Денеска, огромен број на роми од Крива Паланка јавно го искажале своето незадоволство и огорченост кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ затоа што, според нивните изјави, активисти на таа партија биле против тоа ромите да добијат поддршка од градоначалникот за славење на Ѓурѓовден.

Традиција е секоја година на Ѓурѓовден, ромите да добиваат помош за прослава, но од ВМРО-ДПМНЕ застанале против тоа, да оваа категорија на луѓе, достоинствено го прослават овој ден.

Наместо да прославуваат, според сведочење на ромите, тие биле малтретирани неколку часа од инспектори кои предходно биле видени на иста маса во кафеана со кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ?

Дали МВРО-ВМРО се враќа повторно на сцена?

-ВМРО-ДПМНЕ нема да добие ниту еден глас од ромското маало, велат ромите кои се чувствуваат изиграни од таа партија баш на овој за нив важен ден.