Се обидоа во многу наврати, но не успеаа да го инволвираат Заев во аферата „Рекет“. Додека обвинуваат, истовремено, одбиваат да го поддржат законот за ЈО со што не само што не го оцрнија лидерот на СДСМ, туку уште еднаш потврдија дека не се на страната на правдата.
Да почнеме од почеток. Најпрво, откако аферата „Рекет“ започна да се открива преку писанијата на новинарот Бранко Героски, ДПМНЕ и Мицкоски во недостаток на информации веднаш се зафатија оваа афера да ја поврзуваат директно со тогашниот премиер. Првиот контра удар и демант го добија во два наврати. Најпрво екс премиерот од собраниска говорница потврди дека постои таква афера и дека сомнежот лично го пријавил во обвинителство. Вториот удар дојде од обвинителството, односно преку Вилма Рускоска која потврди дека Зоран Заев го пријавил и заради неговата пријава отпочнал тој случај да се истражува.
Второ, додека ДПМНЕ продолжи со „Рекет 2“, 3, 4 и колку и да има во нивната имагинација вакви случаи, добија уште еден удар. Самото обвинение за „Рекет“ не ги опфати оние за кои во јавноста се зборуваше, а камо ли Зоран Заев.
Третиот пат, преку сведоштвото на Камчев и преку снимката која излезе во јавноста во која Заев сугерира случајот да се пријави во обвинителство. Повторно Заев некомпромитиран, а ДПМНЕ продолжува со празна реторика.
На крајот, невмешаноста на Заев се гледа и по пораките со Боки 13 во кои уште еднаш Заев го осудува случајот и индиректно бара истиот да биде префрлен до органите на правниот систем. После ова сознание во јавноста Милошоски „испушти“ издуван балон со одредени снимки кои се поблиску до контекстот од претходно посочените пораки, отколку до оној котнекст кој тие го „филуваат“ во јавноста – Заев е на врвот од аферата „Рекет“.
И овие причини не се за јас да ја одигрувам улогата на адвокат на Зоран Заев, туку заради контекстот кој го фаворизира ДПМНЕ додека одбива да го поддржи предлог решението за ЈО и да ги спречи сите уцени кои ќе ги добие власта за да го донесе решението побарано од ЕУ. Како и со амнестијата за 27 април, ДПМНЕ ќе сноси одговорност за уцените кои власта ги добива и веројатно дел ќе ги прифати. Но, истовремено, никогаш нема да бидат дел од решението – ниту за ЈО, ниту за НАТО, ниту здравје Боже за ЕУ. ДПМНЕ повторно на опашката на историјата.
Сотир Габелоски