Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” емитувана на Канал 5 телевизија аналитичарот Љупчо Зиков на прашањето дали 12 април носи неизвесност и какви се неговите очекувања, одговори:
“ВМРО-ДПМНЕ љуби да е на власт бидејќи 11 години беше на власт. Мојата проценка е дека СДСМ со Беса ќе го освои просторот на евроатлантските политики со цел сите политики и компромиси што се направени во последните 2,5 години да добијат смисла. Но, тоа е за доброто на сите, за една кауза која на крајот на денот ниту Мицкоски не ја демантира. Очекувам повеќе гласови за СДСМ и мислам дека мандатот ќе го добие Зоран Заев. Она што е интересно е дека во албанскиот блок ќе се случува интересна игра. Беса е извлечена во предизборна коалиција и остануваат два фактори, тоа се ДУИ и Алијанса. Тука ќе се води таканаречена “битка до истребување”.
Во контекст на претстојните избори и предлозите за кандидатски листи кои се актуелни деновиве, Зиков со свое видување:
“Она што според мене е важно како граѓанин и како го гледам тоа е дека листите ќе бидат показател на политиките што ги водеше Владата на СДСМ во периодот што помина и треба тоа да го кажеме и да бидеме искрени дека тој мандат траеше од 2,5 до 3 години, значи тоа не е полн мандат на Зоран Заев со оглед на тоа дека претходно ВМРО направи едно “катанаџо” од 6 месеци и немаше Влада , а пред тоа имаше еден куп други работи за кои сега има судски процеси.
Значи, тоа е мандат од 2,5 до 3 години. Политиките во овој период беа: решавање на спорот со Грција, решавање на споровите со Бугарија, задоволување на условите за датум за преговори со ЕУ и оперативна позиција, односно одработување за членство во НАТО кое веќе е извесно во овој момент. Мислам дека листите ќе бидат еквилалент на тоа, а тоа значи дека политиките што ги водеше СДСМ во овие 2,5 години ќе се рефлектираат на листите, особено во делот на носителите. Тоа го очекувам.
Овие избори во суштина ќе бидат пресметка помеѓу македонските граѓани, се разбира пресметка на кутиите, а не на улиците, за кои политики ние се залагаме. Дали ние се залагаме за евроатлантски интеграции со сите нешта што требаше политички да ги одработиме во овие 2,5 години како политички партии и како општество или за оние политики кои биле контра евроатлантски интеграции кои на терен се поистоветуваа со политиките на ВМРО-ДПМНЕ. ” – додаде Зиков.