Тутунарите од Прилеп јавно го искажуваат својот револт од како што велат неостварените ветувања на оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие прстот го вперија кон актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски за кого велат дека едно ветува пред избори а сосема друго прави кога е на власт.
“Министре, вети 10 евра лани, а сега ништо, и ова ке помине, не се секирајте, не сте вие криви, криви сме ние што ве гласавме, срамота” – му пишува разочаран земјоделец на министерот Трипуновски.
“Врати се малку назад поточно во 2020 што кажуваше ајде да видиме дали си достоен на таа изјава излези пред сите тутунари и пред сите земјоделци и заедно да одиш по откупи секој ден тоа ти е работа а не само за в канцеларија” – реагира друг одгледувач на тутун.
Граѓаните му ги извадија и изјавите на Трипуновски кога беше во опозиција и кога само критикуваше, но и во кои бараше 100% покачување на субвенциите на тутун, а сега кога е на власт и кога е во можност да реагира, тој тоа не го прави.
“Министере фала ви но нај кратко како потсетувајне кога бевте заменик министер ветувавте брда и долини но сега ги немате ни буквиве реалност но браво тутунот е макотрпен но и ветувајна празни? народ не трпи лесно е на менаџерите да му помогнете но на земјоделците што ветувавте кога бевте заменик министер сетете се прекасно сее извинете… ” – го потсетуваат Трипуновски.
“Ах бре полесно да се дојде до фотелја со го*** јадење мрш бре 30 години се истото го слушаме е бегале младите ќе бегат нема вас да ве збогатуваме” – се само дел од коментарите.