911.- Во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, умрел Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската писменост и просвета. Наум бил еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент бил назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен Наум Охридски. Наум Охридски успешно ја продолжил целокупната дејност на Климент Охридски, а изградил и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Роден бил во првата половина на деветтиот век.
Останати настани кои се случиле низ историјата на 05 јануари се:
1855.- Роден е американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет, пронаоѓач на ножот за бричење, кај нас познат како „жилет“, според француската верзија на неговото презиме.
1875.- Во Штип е роден Владислав (Славчо) Ковачев, македонски револуционер и публицист. Неговиот богат револуционерен и творечки живот бил посветен на македонското дело, на одбраната на изворните принципи на самостојноста на македонското ослободително движење и на афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Само неколку часа пред да биде убиен неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов, од наемен убиец на Ванчо Михајлов, бил убиен во Софија, на 13 септември 1924 година.
1885.- Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонски глас“, весник на македонските емигранти. Прв одговорен уредник бил Христо Томов. Весникот се застапувал за борба против турската власт во Македоија и за примена на членот 23 од Берлинскиот договор, за автономија на Македонија.
1895.- Германскиот физичар Вилхелм Рендген ги пронашол “Х” зраците, подоцна според него наречени “Рендгенски зраци”.
1919.- Основана е Национал-социјалистичката работничка партија на Германија. На власт дошла во 1933 година кога на Хитлер по изборите му бил доверен мандатот за состав на владата. Стравот од националистичката партија во Германија во повеќето делови во Европа траел до 1945 година кога Германија капитулирала, а претходно на воен план била тотално поразена.
1952.- Во Скопје, во ателјеата на Зајчев Рид, започнало снимањето на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. Режисер бил Воислав Нановиќ, а снимател Кирил Билбиловски. Во главните улоги играле Мери Бошкова, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Ацо Јовановски и други.
1952.- Во Торино, Италија, умрел д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на Внатрешната македонска револуционерна организација, основана во Солун, во 1893 година. Бил претседател на ЦК на Организацијата од нејзиното основање па се до 1901 година. Роден бил во Ресен, на 16 декември 1869 година.
1969.- Советскиот Сојуз го лансирал вселенскиот брод „Венера 5“ без екипаж во правец на Венера, а пет дена потоа и „Венера 6“, кои до планетата стасале на 16, односно 17 мај.
1981.- Почнала електрификацијата на железничката пруга Скопје – Гевгелија, што завршила на 24 ноември 1986 година.
1985.- Во Загреб умрел Ловро Матачиќ, хрватски диригент, композитор и оперски режисер, уметник со светско реноме. Почетокот на работата на Македонскиот народен театар е тесно врзан со името на овој светски музички великан. Роден бил во Сушак, на 14 февруари 1899 година.
1990.- Во Скопје умрел Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во “Нова Македонија”. Роден бил во Лазарополе, на 14 ноември 1941 година.
1997.- Русија ги повлекла последните единици на Министерството за одбрана од Чеченија, привремено завршувајќи ја воената кампања против исламските терористи во Чеченија.
2019.- Легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда и југословенскиот национален тим, Драгослав Шекуларац почина на 81-годишна возраст. Популарниот Шеки е роден на 8 ноември 1937 година во Штип, а за Црвена Звезда дебитираше во 1955 година и за 11 години во клубот одигра 470 натпревари, постигна 119 гола, освои седум титули во југословенскиот шампионат, како и пет Купа. Како тренер на тимот ја освои двојната круна. По Ѕвезда играше Карлсруе, американски Сент Луис, ОФК Белград и Париз, а како тренер работел во Гватемала, САД, а пред крајот на неговата кариера кратко во Обилиќ.