На денешен ден во 2015 година слушнавме зошто на вистината и беше проклето тешко да ја види светлината на денот за време на режимот на Никола Груевски.

Да се потсетиме што слушнавме:

  • државната телевизија за којашто сите граѓани тогаш плаќаа радиодифузна такса и по закон има должност да обезбеди објективно и непристрасно известување, но наместо тоа беше претворена во уште еден штаб на Никола Груевски;
  • ќе се потсетите како кај Јанкулоска постоело списоче не само за судии туку и за кадри во МРТВ, договорени лично со Никола Груевски, предлозите за новинари во МТВ доаѓале од општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Никола Груевски нарачувал текстови на насловни во провладини весници;
  • сопствениците на одредени приватни телевизии и нивните главни уредници ја заборавиле обврската што ја имаат кон граѓаните, да ги информираат објективно. Се пазареле со власта за некој тендер, за да извлечат глава од незаконско работење, во што Груевски со соработниците помагале.