На 80-годишна возраст починал академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија (1991-1992) кој имал значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-45) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година. Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем бројдруги награди и признанија во земјата и во странство.
Почетна НА ДЕНЕШЕН ДЕН (ЗАЕДНИЧКИ УЧИМЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА) На 16 јануари 2008 почина првиот премиер на независна Република Македонија
На 16 јануари 2008 почина првиот премиер на независна Република Македонија
84