На денешен ден во 1725 година е роден Џакомо Казанова, италијански авантурист, писател и најпознат заводник во историјата.

Џакомо Казанова е еден од најголемите љубовници на сите времиња, а покрај тоа бил и коцкар, пејач и мечувач. Оставил зад себе и незавршени мемоари, во кои забележал многу свои љубовни подвизи. Дури и калуѓерките не биле имуни на неговиот шарм.

Една од неговите најпознати пароли гласи: Трчањето по жените е забавно, но не треба да биде основна и единствена цел во живот!