На денешен ден во 1853 година е роден Винсент Вилем ван Гог, холандски постимпресионистички сликар, чии дела имале големо влијание врз уметноста во 20 век, поради живите бои и отсликувањето на чувствата. Боледувал од анксиозност и имал чести напади на ментална болест, а починал на 37-годишна возраст, извршувајќи самоубиство.
Додека бил жив не бил многу ценет, но неговата слава пораснала по неговата смрт. Денес, тој се смета за еден од најголемите сликари во историјата и има значаен придонес во почетоците на современата уметност. Денес многу од неговите дела, вклучувајќи ги и многубројните автопортрети, пејзажи, портрети и сончогледи, се меѓу најпрепознатливите и најскапи уметнички дела.