На денешен ден во 1879 година е роден Алберт Ајнштајн — германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.

На истиот ден во 2018 година почина Стивен Хокинг — англиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Бил почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на пaпската академија на науките и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.