На 5 август во 1884 година на влезот во Њујоршкото пристаниште бил поставен камен-темелникот на Статуата на слободата, еден од најпознатите светски објекти.

Статуата е подарок од народот на Франција на народот на Соединетите Американски Држави и била дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз.

Статуата била официјално отворена на 28 октомври 1886 година.