На денешен ден во 1949 година во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Со своето долгогодишно постоење, „Танец“ е симбол на македонската култура и уметност, и претставува еден од најважните презентери на македонското фолклорно творештво ширум светот.