На денешен ден во 1968 година, при пробен лет со авион, загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената.

Гагарин бил советски космонаут кој на 12 април 1961 за прв пат во историјата на човештвото се вивнал во вселената и бил прв човек кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов.