На денешен ден во 2019 година се случи уште еден гаф во низата на професорката Гордана Силјановска Давкова која во Неготино за време на митинг на присутните неготинчани им се обрати со зборовите: „Драги кавадарчани“.

Откако се слушнаа реакции од публиката, Силјановска се поправи со зборовите: „Најпочитувани неготинчани“. По митингот следуваа бурни реакции особено заради фактот што Неготино и Кавадарци се познати како вечни ривали во Тиквешијата.