На денот на изборите, 15 јули, ќе се виде колкав број од граѓаните што ќе излезат на избори ќе излезат само за да го „казнат“ СДСМ, како што бараат Мицкоски и неговите, поради тоа што „со потпишаните договори со Бугарија и Грција, но и со попуштање кон Албанците, го понижиле македонскиот народ, економски ја упропастиле земјата, а заради корупција на власта, која била поголема отколку во време на Груевски, ЕУ не ни давала датум за започнување на разговори за членство“.
Тие, ако дојдат на власт, ќе ја „обновеле Македонија“ и многу поуспешно од Венко Филипче, на чело со Наќе Чулев и епидемиологот Вело Марковски ќе се справеле со пандемијата на ковид вирусот. Ова ветување подразбира и ослободување од затвор на „невинити патриоти“ осудени за нападот врз Собранието, враќање на Груевски во земјава и ставање во затвор на сите сегашни учесници во власта, за кои тие веќе „имааат докази“ дека направиле криминал и злоупотреби.
СДСМ на денот на изборите ќе се соочи со сознанието на колкав број од оние што го подржаа на претходните избори, на референдумот за името, на локалните и на претседателските избори им значи тоа што: Македонија ги реши споровите со соседите и го зачува и го зацрсти еднаш за секогаш на меѓународно ниво македонскиот национален идентитет, тоа што земјата стана членка на НАТО, кој ги гарантира нејзините надворешени граници и безбедност, тоа што 27 земји ченки на ЕУ дадоа согласност да почне разговори за членство во Унијата и што низ низа економски мерки и политики ја подбри не само економската положба на граѓаните, туку обезбеди и повисок степен на социјална правда преку зголемувањето на најниската плата и на сите додатоци за социјална заштита на населението. Граѓаните ќе кажат дали сакаат сегашните тимови во здравството на чело со Венко Филипче и најдобрите епидемиолози во земјата да продолжи да ја води битката против корона вирусот или да бидат заменети со новоизбрани комисии со експерти од непознатите тимови на ВМРО-ДПМНЕ кои „сѐ уште не веруваат дека вирсуот постои и се против вакцинирањето“. И дали медиумите ќе продолжат слободно да известуваат или одново власта нема да дебатира со опозицијата, а на опозиционерите ќе им биде забранет пристап до националната и до други телевизии со национална концесија.
Целата колумна на Ѓорѓи Спасов за Независен на следниов ЛИНК.