На Македонија никогаш потешко не и било. Ни најстарите не паметат кога им било најтешко. Сега или кога владеела „чумата“. И тогаш било тешко, но, сега е уште потешко. Се е сопрено. Се стои. Не поради друго. Туку поради вирусот. Виновник е корона вирусот. Кој дојде како неканет гостин и веднаш почна да коси.Тоа чудовиште го блокира цел свет, а однесе и илјадници човечки животи. И не сопира. Не „заклучи“ дома. Со денови, недели, месеци . Македонија и светот се во паника. Единствена надеж се лекарите, медицинските сестри и другиот медицински персонал. А тие, капа им симнуваат сите, ноќта ден, денот ноќ го прават. Се „борат“, а не знаат со какво „чудовиште“. Но, се борат. Спасуваат човечки животи. Светот е на колена. Да, се е мртво. Пусти градови,улици, патишта. Затворени граници. Народот наликува како „овци затворени во трло“. Да токму така. Нема надвор. Бројот на заболените секојдневно расте, а за жал и бројот на починатите е се поголем. Состојбата е повеќе од тешка. Економијата, не само во Македонија туку и во големите Германија,Франција, Италија, САД и каде ли уште не, е на колена.

Оние, кој што биле „домаќини“, кој си оставиле пари за тешки времиња, даваат помош и на народот и на компаниите. Оние, како нас, кои наместо да стават некоја пара во „чекмеџето“, за „црни денови“,ги потрошија за градење на гипсени палати, споменици и за себе. Си обезбедија пари за станови, фабрики. Газди станаа. Малку им беше.И за синови, ќерки, внуци зедоа. До гола кожа ја „оголеа“ државата и народот. На питачки стап го донесоа.Не оставија ништо. Сега, кога народот нема леб и скита по светот,тие се најгласни. Први мани наоѓаат. Критикуваат. Сметки прават за секој денар. Не прашуваат за болката на народот туку го „подбуцнуваат“зашто здравствените маски и нараквици многу скапо биле купени. Тие можеле да најдат поефтини. Министерот бил неспособен да го реши проблемот со вирусот. Да се смени и ако треба и да се казни. Зошто Владата не обезбедила пари за да ја спаси економијата. Владата задоцнела, заспала.Зошто на газдите не им дале пари за да не ги напуштаат работниците или зошто на земјоделците пролетниот род не им бил купен. Абе на се мана наоѓаат, а ни денар, од украдените пари не даваат. Македонија, како да е „крава молзница“ па „трубат“ пари да им даде и на угостителите, трговците, камионџиите, занаетчиите, цвеќарите и на кој ли уште не. Да, токму тие, кој ја испразнија државната каса, се главни критизери. И не само тоа. Постојано велат дека оваа Влада не знае да работи и затоа сме дошле на ова „дереџе“. Седат во „белата палата“, сеир гледаат и мудруваат. Имале екипи на лекари специјалисти, но не и ги давале на оваа Влада за да го спаси народот од корона вирусот. Што луѓе се бе овие. Да не сакаат да му помогнеш на својот народ!. Чудо. Како да немаат ни срце ни душа. Арам да им е. Од украдените пари „аир“ да не видат . Што друго да им се каже. Кога не сакаш да спасиш живот,тогаш со кое право го „подбуцнуваш“, го лажеш, му ветуваш за повторно да ти ја даде власта. Нели е греота и срамота. Нели. Но и покрај сите „критики“ Владата донесе еден „куп“ мерки за што побрзо да се надмине кризата. Техничкиот премиер Спасовски една по една убаво ги кажа. Сите функционери два месеца да земаат само по 14.500 денари. Да се стави ред одозгора до доле. И тој и Владата веруваат дека со овие мерки ќе го победат злото. Владата ќе се „заборчи“ но, нема да дозволи Северна Македонија да падне. Ги намали платите на „најголемите“. Административците не ги „чепна“. Вети пари за економијата и за сите други. На добар чекор е да победи. Вети и ги врати сите кои отидоа по леб во странство. Помош на Северна Македонија и дадоа и најголемите од НАТО и ЕУ за здравството и за економијата. Северна Македонија повторно ќе види „бел ден“. Не е сама. Но, дали на овие мерки ќе одговорат „газдите“. Дали ќе одделат денар?. Или ќе си тераат по свое. Или ќе критикуваат. Мани ќе наоѓаат. Ќе се кријат и во „матно“ ќе гледаат да заработат. Кој знае. Македонецот не рекол бадиала: „Господ да те чува и брани од сите оние што на своето зло му мислат и што вечера чекаат од комшијата!“. Од такви и ѓаволот бега. И тој не ги сака. Наместо да бидат „големи“и да помогнат ова зло да се надмине тие злоба сеат. Што луѓе се бре!. Видоа полни џебови со пари и мислат дека можат и душата на народот да му ја земат. Не, не. Не се тоа луѓе. Не се Македонци. Тие се изрод. Живеат само за пари,слава и фотељи. Забораваат дека за кавги има секогаш време. Но, тоа време не е сега. Сега треба рака да подадат. Но, не лажна. Туку вистинска. И да помогнат корона вирусот да си замине. Народов да здивне. Македонецот да не се дели. Да биде единствен. Не сакале НАТО, ЕУ. Добро. Нивно право. Нека останат во овој камењарник и нека бидат газди на празните фабрики. Нека ги делат „браќата“. А оние што им веруваат нека работат само за леб и сол. Но, не треба да заборават дека Македонецот видел и многу полошо. Но, сплотен ги надминувал сите „премрежја“. И ова ќе го надмине. И тоа без „злобните“. Нив им порачува: „Ако не сакате да ни помогнете, ве молиме, не ни одмагајте!“.

Стоилко Андреевски