Кога проектот „За татковината со љубов“ беше најавен во една телевизиска емисија од страна на Фатмир Битиќи, гости во емисијата беа и Зоран Јовановски (екс потпретседател на СДСМ) и Виктор Мизо (кадар на ВМРО ДПМНЕ).
Кога Битиќи го објасни концептот и отворено ги повика сите кои имаат време и можност да помогнат во димензионирањето на економските политики за посигурна иднина на државата, Мизо самоиницијативно во емисијата потврди дека е подготвен да се приклучи на платформата „Татковината со љубов“, додека Јовановски, од кого јавноста очекуваше да биде дури и поспремен од Мизо да му помогне на својот СДСМ, тој сепак немаше храброст да изусти дека ќе се приклучи кон концептот за подобри политики и побрзо закрепнување на економијата. Издавал економско списание и тоа било доволно од негова страна.
Толку за љубовта кон татковината.
П.С. Ниту еден од вклучените нема да прима паричен надомест. Да ги слушнеме нивните предлози, оти лесно е да ги избркаш тие што не вредат.
ФБ статус на Љубиша Арсиќ