Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во „Студио 10“ вели дека се надева на средбата помеѓу Ковачевски и Мицкоски и дека на тој начин ќе се воспостават протоколи кои немаат врска со политички барања.

„Се надевам дека ќе има средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски и добро е да има. Работата на опозицијата е да бара предвремени парламентарни избори, интерпелација и Владата да падне и тоа не треба да е загрижувачки. Тоа е легитимно право на опозицијата, таа смета во своите политички проценки дека тоа е потребно и нивна работа е тоа да го бараат цело време. Тоа што не е упатно е да се прави условување на политичка конструктивност и политичкиот дијалог со нивното утелатерално право. На крајот на краиштата предвремени избори прогласува собрание, мнозинската коалиција и ние тоа го научивме во оние 12 години во време на ВМРО-ДПМНЕ кога прогласуваа избори кога тоа ним им одговара. Лично мое мислење е дека на Македонија не и требаат предвремени парламентарни избори бидејќи цела држава застанува 6 месеци. Ние треба да се вратиме на некаков нормален мандат, да се одржуваат избори на 4 години. Се надевам дека ќе се оствари таа средба на која тие ќе воспостават протоколи кои немаат врска со политички барања“, кажа Арсовски.