Секогаш е добро јавноста да реагира на сите сомнежи за злоупотреба на службена должност и лични богатења без транспарентна основа.
Таквата клима и слобода на изразување влијае директно врз носителите на јавни функции, со што во голема мера ги одвраќа од идеите за корупција и криминал.
Но, таквиот амбиент е можен само во систем кој не е репресивен и го почитува правото на слобода на говор и изразување, кое за волја на вистината многупати прибегнува кон креирање на лажни вести и хистерија.
Постоењето на таквиот систем после децениско угнетување на јавната критика, линчувањето на неистомислениците, нотираните политичките затвореници (голем дел од нив новинари) и еклатантната поделба на политичка основа (наши и ваши) и национал-романтичната поделба (предавници и патриоти) е цивилизациска придобивка.
Неодговорното работење е индивидуална определба. Личните чинови не треба да генерализираат цела структура.
А унапредувањето и гаењето на основните човекови права треба да се вреднуваат и одржуваат, бидејќи многу лесно може да се вратиме во состојба на општ молк, телевизиски цензури, шепкање и деградирање на различното мислење и став.

ФБ статус на Никица Бачовски