Данела објави дека сепак ќе го украсува Скопје. Наводно, фирмата Линк Медиа бесплатно ќе го украси градот. Тука се важни две работи:
1. Паралелно со бесплатното украсување, Град Скопје објави јавен повик за новогодишен базар Винтерленд, за кој градот ќе обезбеди сретства. Ова е директно спротивно на ветувањето на Данела дека “нема да троши пари на граѓаните за Нова Година во време на криза”;
2. Ништо не е бесплатно во политиката. Во каква форма ќе ни биде испорачана оваа сметка, допрва ќе видиме.
Ама добро де, барем не се однесуваше арогантно со новинарите. Можеби дека објавата ја направи преку видео на фб, повторно и целосно игнорирајќи ги, ама тоа изгледа е помалку важно во приказнава.

ФБ статус на Павле Богоевски