Со денови, вмро и нивните мегафони правеа галама и плачеа околу „политичкиот прогон“ на таткото на Јаулевски, обезбедувањето на Мицкоски и остатокот од бандата поврзана со аферата Делчевски ниви. Знаете, онаа афера каде куп вмровци купиле ниви за 20-30 илјади евра и потоа ги продале на ЕВН за „само“ 1,6 милиони евра.
Наводно, Мицкоски, Јаулески и останатите биле изненадени и запрепастени од најновиот прогон од „хунтата на Заев“. И се разбира, целосно невини.
Како изненадени, кога ден пред претресите, добар дел од осомничените ги фрлиле старите телефони и ги замениле за нови? Како? Сосема случајно?
Не другари, некој од нивните шпиони во институциите ја пробил акцијата и ги известил своите шефови дека се под истрага. Среќа, не се доволно паметни за да знаат дека промената на апаратот не ги брише фотографиите, имејл-комуникацијата и листинзите од мобилните телефони. Ниту трагата на парите.
И потоа, Мицкоски се’ уште и во секоја прилика упорно има образ да прашува до кога ќе ги збориме вмро кога зборуваме за криминал?
Се додека не ги тргат криминалните инсталации од институциите и не ги остават да си ја вршат својата работа. Ете, до тогаш. А да, и не би штетело да престанат да ја крадат државата, дури и од опозиција.

ФБ статус на Павле Богоевски