Почитувани сограѓани, во овој тежок период во кој се наоѓа нашата држава, меѓусебната помош ни е најпотребна. Јас, како претседател на ЛК на СДММ од Струмица, бев повикан од страна на службите на Oпштина Струмица за активно вклучување на нашите членови како волонтери (во рамки колку што ни дозволуваат условите и законите) во овој период, на светска пандемија предизвикана од опасниот вирус, Ковид 19 (Корона) вирус. Сакам да Ве известам дека средба оствариле и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ и истите понудиле мерки и активно вклучување (волонтирање) на младите од УМС Струмица. Но до ден денес ни трага ни глас од истите. Наместо да се сплотиме, да ги оставиме партиските интереси на страна и да излеземе во пресрет на нашата Општина, кога младите од ЛК на СДММ Струмица, активно работат во тој процес, младите од УМС, сами водат своја кампања и надвор од сите протоколи делат помош. Луѓе не ни се потребни политички поени, потребна ни е сплотеност и помош. Ние и понатаму ќе прoдолжиме да се грижиме за нашите сограѓани.
ФБ статус на Столе Коциров, претседател на ЛК на СДММ Струмица